Не со тие пасоши, ни порача газда на грчки хотел: (ФОТО)

Loading...

Сопственик на хотел на Халкидики и на својот Фејсбук профил се пофали дека не прима македонски туристи со македонски пасош.

“Дојдоа да бараат соби со такви пасоши, ама им кажав дека со такви пасоши е забрането во мојот хотел …”, напишал Јоргос Цагаракис сопственик на хотел на Халкидики.

„Да бевме ние како нив овој би плачел за забрана кога би идел на забар или во казино во Гевгелија“, вели еден од коментарите на социјалните мрежи.

И покрај потпишувањето на договорот за името со Грција , во оваа земја не запира негирањето на македонскиот национален идентитет од обични луѓе и државни претставници а не запираат ниту оштетувањата на македонски возила чии сопственици летуваат во оваа земја.

Оставете Коментар