Не спијат само министри и пратеници, дремат и дипломати

Заменикот министер за екологија Јани Макрадули не е единствениот член на владата што беше фатен како спие (според него чита) во Собранието ниту Амди Бајрам е единствениот пратеник што дреме во законодавниот дом.

Спијачи на работно место и во работно време има и во МНР каде што е сликан македонски дипломат како спие во фотеља на работна маса со слушалици на уши.

Да биде резилот поголем се погрижил самиот дипломат кој ги соблекол кондурите и чорапите и така бос дреме на работно место.

Освен ако и тој како Макрадули не изјави дека всушност не спиел туку читал, или можеби длабоко размислувал.