Не тече гас низ гасоводот Клечовце -Штип

Македонски енергетски ресурси (МЕР) уште не можат да пуштат гас низ веќе изградениот гасовод од Клечовце до Штип, низ делница која беше изградена во јули 2016 година, а заполнувањето со гас беше највено уште тогаш.

Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, за порталот „Фактор“ вели дека допрва ќе се објавува тендер за избор на фирма која ќе ги полни цевките, но и компанија која подоцна ќе ги одржува. Не се знае ниту од каде ќе се купува гасот, но сите процедури може да завршат до крајот на годината.

„Во тек е изработка на тендерската документација за набавка на гас, за услуга за заполнување со гас и за услуга за одржување на оваа делница. Ова ќе треба да заврши во четвртиот квартал од оваа година“, рече Реџепи.

Магистралниот гасовод од Клечовце до Штип е во должина од 61 километар и вредеше 75,7 милиони долари, дел од средствата беше покриен со подмирување на клириншкиот долг од Руската Федерација кон Македонија во висина од 60 милиони долари.

Оставете Коментар