„Не“ за фантомки на протестот пред Собрание (ЖИВО)

Организаторите на протестот кој  во 20 часот започна пред Собрание преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните ако забележат лице со фантомка, да му ја симнат и да го предадат на полиција.

На вечерашниот протест не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачаа од студентското движење „Млади за Македонија“ кој е организатотор на протестот.

„Кружат информации дека на денешниот протест ќе има инфилтрирани провокатори со фантомки, кои имаат за цел да ја нападнат полицијата и да предизвикаат немири“ повикаа организаторите како што пренесува „Макфакс“.

Протестот се одржува под мотото „„Никогаш Северна, секогаш Македонија“, а на демнстрантите се приклучија и членовите на навивачката група „Комити“.

https://www.facebook.com/makfax/videos/10155826280273353/