Најголемата опозициска партија во Грција нема да го ратификува договорот за Преспа, ниту во овој парламент, ниту во следниот парламент, изјави партискиот секретар на НД, Лефтерис Авгенакис.

Поради оваа причина, Неа демократија бара избори, додаде тој како што пренесува АНА-МПА.

Авгенакис преку социјалните медиуми порача дека граѓаните мора да ѝ дадат на Неа демократија мандат да го избегнат она што го опиша како штетен договор.

„Тој, исто така, истакна дека премиерот на пјРМ, Зоран Заев, не зборува за ‘Северна Македонија’, а договорот го повредува бизнисот со седиште во регионот на Македонија во северна Грција. Ова ја доведува под знак прашање конкурентноста, како и други прашања кои предизвикуваат взаемно сомневање, кое на крајот ќе стане пречка за транснационалните и трговските односи“, пренесува агенцијата.

Според Авгенакис, договорот потпишан од премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никос Котиас, и партнерот на владата, Каменос, е лош договор:

„Тоа е договор што ги погодува сите Грци, не само Македонците, бидејќи на нашите соседи им го дава ‘македонскиот идентитет’“, изјавил секеретарот на Неа демократија.

Лидерот на Неа демократија, Кирјакос Мицотакис е брат на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани која во 2008 на Самитот на НАТО во Букурешт, издејствува неформално вето за приемот на Македонија во Алијансата.

SHARE

Comments are closed.