Потпретседателот на грчката Неа Демократија, Андонис Георгијадис, најавува нова линија на партијата во однос на решавање на долгогодишниот спор со Скопје..

Од партијата предлагаат сложено име без  терминот „Македонија“  и не за јазикот и идентитетот.

Иако Не демократија не ги поддршува протестите во среда, членовите на НД се слободни да учествуваат, а наводно на оваа линија бил и лидерот Кирјакос Мицотакис.

Ова, значи напуштањена на позицијата од пред Самитот на НАТО во Букушрешт во 2008 кога тогашната владејачка Неа демократија на премиерот Костас Караманлис и на шефицата на дипломатијата Дора Бакојани инистираше на решени за име со географска одредница.

Причина за „радикализирањето“ на ставот на опозициската партија која ја критикува владата за погрешно водење на преговорите била  „попустливоста“ на премиерот Алексис Ципрас по ова прашање.

Терминот „Македонија во името било наводно признание на „идентитетот и јазикот на соседите, како „македонско“.

Не е јасно дали ова е навистина свртување на Неа демократија , но лидерот Кирјакос Мицотакис деновиве изјави: „Ние живеевме дваесет години со овој проблем… Можеме да живееме, можеби, уште една, две или три години до решение кое ќе им служи на националните интереси“.

Неа демократија постојано укажуваше дека слабост на владата е и тоа што владиниот партнер „Независни Грци“  која е против зборот Македонија, има дијаметрално спротивно мислење од владејачката Сириза на Ципрас.

Оставете Коментар