Неа демократија притиска за предвремени избори

Опозициската Неа Демократија синоќа го обнови повикот за предвремени избори, со констатација дека владата слабее и дека единствено решение за земјата се предвремените избори.

„Без преседан за парламентот е главните одлуки да се донесуваат без најмалку 151 глас. Единствениот спас за земјата се националните избори“, велат од партијата како што пренесува АНА-МПА.

Од Неа демократија потсетуваат дека нацрт-законот за реформа на локалните власти добил 150 пратеници (од вкупно 300 пратеници), а за промената на денот на општинските избори гласале 149 пратеници.

Парламентарното мнозинство кое стои зад коалицијата СИРИЗА-„Независни Грци“ на лидерите Алексис Ципрас и Панос Каменос е 152 пратеници.

1 Коментар

Comments are closed.