Неа демократија со 16,5 отсто предност пред СИРИЗА

Опозициската Неа демократија(НД) има предност од 16,5 проценти пред владејачката СИРИЗА, покажува последната анкета.

Популарноста на НД е 38,5 проценти,  додека на СИРИЗА во моментов е 22 отсто.

Движењето за промени (КИНАЛ) е на трето место со 9,5 отсто влијание меѓу гласачаите, следуваат комунистичката ККЕ со 7,5 и националистичката Златна зора за 7 проценти.

Останатите три партии воактуелниот парламент, „Потами“, “Независи Грци“ и Центристичката унија, најверојатно нема да влезат во новиот парламент по изборите.

Популарноста на трите е под 2 отсто.

SHARE

Оставете Коментар