Неа демократија со 9,5 отсто предност пред СИРИЗА

Неа демократија останува со висока предност пред владејачката СИРИЗА, покажува анкета  на „Скај“ спроведена по телефон од 16 до 18 септември.

Поддршката во јавноста за опозициската Неа демокатија изнесува 31,5 проценти, наспроти 22 отсто кои доколку има избори, би гласале за СИРИЗА.

За „Златна зора“ се изјасниле 7 отсто, за „Движењето за промени“  6,5 отсто, а меѓу оние кои би го надминале прагот од 5 отсто и би влегле во парламентот е ште комунистичката партѕија (ККЕ) која има 5,5 отсто подршка.

Унијата на центарот има 2, додека по 1,5 поддршка имаат партијата „Потами“ и „Независните Грци“ на актуелниот министер за одбрана, Панос Каменос.

Дури 11 проценти од анкетираните не знаат за кого би гласале или одбиле да одговорат, а 5.5 изјавиле би биле воздражани.

Оставете Коментар