Популарноста на опозициската Неа демократија порасна за 3 проценти во однос на владеачката СИРИЗА од јануари до сега покажуваат последните анкети на 5 компании кои го истражуваат јавното мислење.

Владејачката партија загуби 1,3 отсто поддршка во споредба со јануари, а главната опозиција заработи 1,7 проценти.

Разликата сега изнесува 13,4 проценти, односно 36,6 спрема 23,2 во корист на конзервативната партија.

За зголемување на разликата во последниве 6 месеци влијание имеше и „македонското “ прашање, пишуваат медиуми.

Овие истражувања беа спроведени од страна на Alco, Pulse, Metron Analysis, MRB, Marc, а не од помали или непостоечки компании.

3 Коментари

Comments are closed.