Неа демократија стравува за исходот на референдумот!?

„Да се надеваме дека, без оглед на исходот, нема да има нестабилност во соседната земја по референдумот и нема да се претвори во нестабилност на Балканот“, изјавиденеска портпаролот на главната опозициска партија Неа демократија (НД) Никос Дендиас, за АНА-МПА.

Покрај исходот, тој смета дека бројот на излезените на референдумот на луѓето исто така ќе игра важна улога.

„Во секој случај, мораме да бидеме во алармантна состојба околу политичките случувања во соседната земја во врска со референдумот и да не брзаме да ги отфрлиме“, рече тој  и додаде дека премиерот Алексис Ципрас ќе го донесе договорот во парламентот кога ќе биде подготвен за избори.

SHARE