Некогашните први луѓе на МПМ на распит во СЈО

Јана Станисављева, поранешна директорка на компанијата „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која ги издаваше сега веќе згаснатите  весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ како и магазинот „Теа Модерна“, денеска беше повикана на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Дел од медиумите пренесуваат дека таа е повикана во својство на осомничена за лажен стечај,на компанијата и за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра и за други дела.

На распит денеска беше повикан и поранешниот управител на МПМ Срѓан Керим, кој одби да коментира зошто е повикан а за новинарите изјави „ќе кажеме с’е кога ќе дојде време”.

1 Коментар

Оставете Коментар