Механизацијата која деновиве работи на стотина метри од Милениумскиот крст на Водно, извршува градежни активности гасоводот што треба да минува преку планината, без правосилно решение за измени на дел од трасата.

„Се работи на диво, без дозвола, без надзор, без обележаност, целосно нестручно, за што како резултат имаме и неколку бутнати борови кои не се ниту блиску до трасата“, реагираат од „Го сакам Водно“ на нивната Фејсбук – страница.

„Пиколомини може да им позавиди“, е еден од коментарите на активистите…

„Бар да беше согласно законот, ама не е ни тоа. Не смеат да работат тука, немаат одобрение за овој дел, ама одат на принцип, ние ќе си пробиеме на диво и ќе завршиме работа. Зошто држава немаме, во тоа се уверивме. Ја имаме само да дава изјави дека сè е согласно законот и прописите“ пишуваат активистите од „Го сакам Водно“.

SHARE

Оставете Коментар