“Ја исклучувам можноста од референдум, како што е предвидено во други земји, и мислам дека е сосема можно да останеме на летното (сметање на) време од следната година“, изјавил бугарскиот вицепремиер Томислав Дончев за БНТ.

Европската комисија предложи укинување на поместувањето на сказалките на часовниците во ЕУ, а земјите-членки сами ќе одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Според Дончев, најпрво мора да се направат студии и анализи од страна на експерти, но мнозинството луѓе сакаат да се задржи летното сметање на времето, пренесува News.bg.

Од идната година нема поместување на сказалките!

 

SHARE