Сеидбата на пченицата во следната  сезона е доведена во прашање поради ниската откупна цена што достигна 7,5-8 денари, а не 10,5 денари, како што пред два месеца информираше Министерството за земјоделство.

„Годинава во Македонија првпат има доволно прозводство на пченка за задоволување на домашните потреби, но и пченката ја добива истата судбина како пченицата. Нема откуп, а таму каде што има, цената е осум денари за килограм. Тоа значи дека догодина никој нема да сади пченка“, вели за МИА претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

„Никој не сее пченица затоа е и прашање дали воопшто ќе се посее. Проблемот, повторно, е ниската откупна цена. Ајде да најдеме земјоделец што добил десет денари за килограм, истакнува Тантаров. За сеидба едноставно нема интерес зашто бараме цена со која ќе се вреднува нашиот труд, ќе ни остане нешто за живот и ќе имаме пари за новата сеидба. Тоа со 12 денари за килограм ќе беше исполнето, но со просечна цена од околу осум денари, тешко, нагласува Тантаров.

(…)Ако на Македонија и треба леб, некој треба да каже на кој начин ќе се обезбеди тој леб и каков однос треба да има државата кон лебот. Цената на пченицата може ќе биде и 15 – 20 денари, но нема да ја има. Тешко дека ќе се посее и покрај тоа што има субвенција“, вели Тантаров како што пренесува МИА.

1 Коментар

  1. toa e i celta da od teritorija od koja mozat da se hranat 20milioni luge da kupuvame GMO grana od genocidnive fashisti ! ! ….. arno ama i vie ko sindikat ste mlitavi da po mlitavi ne moze da bidete ! ! ili ste korumpirani pa samo dzomiti glumite nekoj si kvazi sindikat ! sindikatite treba da bidat pojaki duri i od revolucionernite radikalni organizacii zatoa sto tie vo sekoj sistem mozat da ja pokazat silata i kaj najtotalitarnite rezimi arno ama programirano ne ve biva za svinska pi4ka ! …. ti tantaro kolku godini si na celo na toj dzomiti sindikat ?! so desetici godini i aktivnosti tapa !… jas ne sum videl kolona so traktori i zemjodelski masini pred vlada i da im isturat arsko gubre-lajna i da im go zatrupat prizemjeto tuku otom-potom samo nekoi si pamfleti! kolku da se kaze neso ! !

Оставете Коментар