Џафери не му дава пари на Милошоски да агитира против референдумот

Собранието како овластен предлагач нема поединечно да дели средства на секој од 120 пратеници за да водат кампања во пресрет на референдумот.

Собраниската служба за информирање попладнево го појасни ова и потсети дека спикерот на парламентот Талат Џафери вчера ги повика пратеничките групи и пратениците кои не се организирани во пратенички групи во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и „каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање“.

Координативното тело за референдумската кампања го води претседателот на парламентот, Талат Џафери.

По добиените податоци Собранието, ќе закупи медиумски простор на ТВ, во пишаните медиуми и на интернет портали, а вишокот од 1.3 милиони евра, доколку има, ќе биде вратен во буџетот.

Соопштението од собраниската служба доаѓа по денешниот допис на пратеникот Антонио Милошоски со кој  известува дека  ќе земе учество во јавната пропаганда пред претстојниот референдум и дека ќе агитира за бојкот.

„..барам да ми се обезбедат средства за таа намена“ побара Милошоски во денешниот допис до Собранието.

Милошоски побара пари за бојкот на референдумот