Нема веќе да има фирми со тајни газди!?

„Нема веќе да има компании со скриени сопственици. Точно ќе се знае кој е газда на некоја фирма, и дали е само на таа, или има удели и во други компании. Фирми регистрирани на Белизе, на пример, нема да можат повеќе да се регистрираат и да функционираат под сомнителен параван.

Но, тоа ќе почне да важи дури после една година, од октомври 2020 земјава дознава „Телма ТВ“ која ја пренесува изјавата на директорката на Централниот регистар:

„Ќе треба при иницијалната регистрација секое физичко лице да дава изјава, во која тој изјавува дека нема удели или други субјекти на негово име. Но тука не завршува целата постапка, само за новите, туку ќе треба и старите да поднесат такви изјави во Управата за финансирање тероризам, каде изјавуваат дека немаат никакви удели во други субјекти“, вели Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар, пренесува Телма ТВ“.

SHARE

Оставете Коментар