Нема веќе книжни 10-денарки и 50-денарки

Од утре ќе бидат пуштени во промет првите полимерни банкноти во Македонија, со вредност од 10 и 50 денари.

Книжните банкноти од 10 и 50 денари нема веќе да се користат како платежно средство, но дадена е можност во рок од една година да бидат заменети во банките за „пластичните“ банкноти или за ковани монети со иста вреднст.

Со ова, Македонија станува една од државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута.

Оставете Коментар