Нема виза за САД за примабалерина од Бољшој театар

Русија ги обвини САД дека градат „визна бариера“ со одбивањето да издадат американска виза за балетски танчери од Бољшој театар кои утре требаше да настапат во Њујорк.

Руската примабалерина Олга Смирнова и италијанскиот соло танчер Џакопо Тиси требаше да настапат во Линколн Центарот на 23 април, но двајцата се одбиени од владата на САД, пишува Радио Слободна Европа.

„Ова не се случуваше дури ни за време на Студената војна“, се вели во изјавата на руското Министерство за надворешни работи од 21 април.

„Но, денес, влијателните сили во САД, преокупирани со обид да ја притиснат Русија, не застануваат во ништо … Тие се обидуваат да ги оградат Американците од Русите со визен ѕид, како што веќе рековме, правејќи го патувања на нашите граѓани во САД практично невозможно“, пренсува РСЕ.

Ројтерс го цитираше Одделението за печат на московскиот Бољшој театар според кое тие не ја организираат турнејата и немаат информации за апликациите за виза.

Претходно, на 20 април Кремљ изрази загриженост дека САД им отежнуваат на екипажите на руската авиокомпанија „Аерофлот“ да добијат американски визи: периодот од апликација до добивање на виза е зголемен од 85 на 250 дена…