Одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата „Денови на медиуми – ЕУ Западен Балкан“, што утринава почна во Скопје и е посветена на слободата на медиумите, изјави дека нема докази за руско влијание во Македонија.

„Немам докази за руско влијание овде. Руската Федерација е пријател на Република Македонија и нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но е отворено против нашата интеграција во НАТО, рече Заев.

Тој потсети дека нема алтернатива за Македонија освен ЕУ и НАТО, и дека Македонија „сака пријателство со сите земји“.
Премиерот рече дека е запознаен со информациите за мрежи на профили кои шират лажни вести на социјалните мрежи и традиционалните медиуми и порача дека се надева дека ќе „можеме да ги дознаеме деталите“, но дека тој нема идентификувано земји кои шират лажни вести.

SHARE

Comments are closed.