Немаме надворешна политика, Америка нè води, вели Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово нема надворешна политика и дека „припаѓа на клубот што го води Америка“.

„Ние сме дел од Европа и работиме со Брисел и со Берлин. Меѓутоа, кога станува збор за надворешната политика, ние сме дел од еден клуб на земји што ги води Америка. Не е проблем да признаеме, немаме ни време да се справиме со проблемите во светот“, рече Харадинај во интервјуто за телевизијата „Хепи“.