Непознати сторители отстраниле 105 меѓници меѓу Македонија и Грција

Полицијата од северозападна Грција соопшти дека непознати сторители отстраниле повеќе од 100 гранични камења од делот од границата меѓу Грција и нејзиниот северен сосед Македонија.

Полицијата од Лерин денеска објави дека 105 маркери, некои од нив пирамиди високи околу еден метар, а други помали цилиндри, се отстранети меѓу четвртокот и петокот долж 13-километарскиот дел од границата.

Инцидентот се истражува.

 

SHARE

Оставете Коментар