,,Непрошетаните” го возвраќаат ударот на првата дама на Карпош (ФОТО)

Откако вчера ги навреди и понижи сите што бојкотираа на референдумот дека не шетале доволно низ светот денеска сопругата на градоначалникот на Карпош Стњфан Богоев е предмет на потсмев и критика на социјалните мрежи.

“За прошетан го рачунам некој што се возел со транс-сибирска железница,ce качувал пирамиди во Чиле, жвакал арека ореви во Индонезија. Спиење во 3 денови во Б класа хотели низ ЕУ не спаѓа во таа селекција, како што и ПВЦ мушама не спаѓа во невестински фycтан…”, пишува во еден коментар кој е илустриран со невестинскиот фустан на Ивана Богоева.

Во коментарите дел од граѓаните прашуваат зошто Богоева користела завеса за невестински фустан и од кое патување научила дека перде е вистински избор за свадбарска гардероба.

Сопругот на Ивана, Стефан Богоев го нема да се извини или да го одбрани вкусот за гардероба и политички пораки на својата животна сопатничка со која вчера навреди 1 милион и 200 илјади граѓани.

„Првата дама“ на Карпош: Името нека ви ги храни децата

SHARE