Нервоза во Атина од „планот Б“ на Каменос

Предлогот на министерот за одбрана за алтернативен договор со Скопје ако преспанскиот пропадне, што го предложил во Стејт департментот на САД, предизвика срам и вознемиреност во Атина како и остри критики од опозицијата.

Владата изрази загриженост од изјавите на лидерот на помалиот коалиционен партнер Каменос:

„Грчката влада останува посветена на Преспанскиот договор и ги почитува уставните процеси кај соседот и ги поддржува напорите на господин Заев да ги исполни условите за стапување во сила на договорот”, беше коментарот на владини извори во врска со “планот Б ” на Каменос.

Министерот за надворешни работи во сенка на Неа демократија Јоргос  Кумуцакос, оцени дека „Политичката и дипломатска шизофренија на Владата околу скопското прашање не само што продолжува, туку сега се извезува на меѓународно ниво“.

Министерот за одбрана гцелосно ги игнорира позициите на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, рече Кумуцакос.

Грчкиот министер во САД предложи да се потпише договор за одбрана помеѓу Грција, БЈРМ, Албанија, Бугарија и подоцна, и Србија, со цел да се создаде „лак на стабилност“ на северната граница на земјата. Тој тврди дека на тој начин ќе се спречи руското навлегување на Балканот и стабилноста во Македонија ќе биде заштитена, за решавање на прашањето со името, пренесе CNN Greece.

Овој предлог, како знак на „добра волја“ на Грција кон преспанскиот договор, Каменос го дал за време на неговиот состанок со заменик-министерот за надворешни работи на САД, Вес Мичел, во Стејт департментот.

Каменос тврди дека резултатите од референдумот во соседната земја покажуваат дека мнозинството граѓани не го поддржуваат договорот, факт поради кој ќе продолжел феноменот на иредентизам.

Тој изрази уверување дека договорот нема да може да биде ратификуван во Македонија, затоа ппредлага алтернативен план , кој, како што објасни тој, кој ќе ги „спроведе истите геополитички цели како Преспанскиот договор, без да се допре прашањето за името“.

SHARE