Нешков: Бугарија помогна за спорот на Македонија и Грција

Бугарскиот новинар Љупчо Нешков во емисијата „Ова утро“ изјави дека „Бугарија ја извлече Македонија од пропаста и од вкупната изолација во која се најде“.

Тој во денешното гостување на bTV Бугарија рече дека Бугарија имала огромен придонес за поволниот развој на спорот со Грција и можноста на Скопје да ги почне преговорите за пристапување кон ЕУ .

Нешков смета дека Македонците ќе ја поддржат промената на името на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Според него, ова е единствената шанса на земјата да се појави на геополитичката карта на Европа.

Новинарот изрази сомнежи дека Русија стои зад опозицијата во Македонија, и како пример ја навел партијата на Јанко Бачев, „која го вееше знамето на Кремљ за време на еден од протестите против референдумот“, вели Нешков во гостувањето на bTV.