Неверојатно: Култура побарала забрана за Ругање на Христа, судот на мака

Продолжува политичката хајка против македонскиот филм Ругање со Христа кој доби вредна награда на еден од топ 10 светски фестивали во Монтреал.

Државниот правобранител на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање со Христос“ на програмата на фестивалот „Киненова Скопје“, дознава телевизија „Алсат“.

Како причина за барањето се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред се на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата.

Со оглед на содржината на објавениот трејлер и дополнителното разгледување на сценариото на овој филм, Министерството за култура тврди дека филмот има потценувачка содржина, пред се на национална основа, и ќе поттикне верска омраза, и поделба во Република Македонија. Филмот не го промовира соживот на заедниците во земјата, а јавното објавување може да поттикне и меѓуетничка омраза, што е спротивно на јавниот интерес на граѓаните. Одлуката за привремена забрана треба да важи 30 дена по завршувањето на филмскиот фестивал, стои во барањето до Судот.

Како што неофицијално дознава “Алсат М”, Основниот суд Скопје 2 закажал расправа за случајот идниот вторник, а Државното правобранителство, исто така, го информирало и Јавното обвинителство.

Во барањето Министерството за култура наведува дека од увидот во документацијата на Агенцијата за филм било откриено дека имало неправилности во објавувањето на конкурсот за финансирање на филмските проекти.

Според Алсат М агенцијата за филм наводно го прекршила Правилникот за евалуација на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален карактер во филмската дејност, и принципот дека филмските продукции во рамките на овој проект треба да промовираат соживот меѓу етничките заедници.

Во случај на потврдување на неправилностите во постапката одговорните може да се соочат со тужби, или враќање на средствата добиени за снимање на филмот кој според министерството за култура е антиалбански.

Ова е прв случај во Македонија и Европа за еден филм од страна на министерство за култура да биде побарана забрана за емитување.

SHARE