Невнимателниот Пендаровски ја призна неминовноста на Тиранската платформа (ВИДЕО)

Во емисија на 1тв со Јадранка Костова националниот координатор за НАТО и екс кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски призна дека Тиранската платформа постои и таа морала да се спроведе.

Тоа според Пендаровски морало да се случи затоа што биле важни 10те пратеници на ДУИ без кои немало да може да се направи влада.

По стотици негирања од претставници на СДСМ Пендаровски е првиот што во момент на невнимателност јавно признава постоење на таканаречената Тиранска платформа која ја спроведува владината коалиција.

Пендаровски во емисијата признава и дека Законот за јазици не е добар.

Видеото на Твитер статусот на @pipovski

1 Коментар

Оставете Коментар