Независен: Не е сè во цензусот

„…Но што ако в недела, на пример, излезат на гласање 900 илјади избирачи, од кои, да речеме, 99 проценти ќе заокружат „да“, наместо потребните 903.196 за да може да се прогласи „апсолутен успех“ на референдумот, макар и само 51 отсто од излезените да одлучиле „за“, поставува прашање „Независен“ весник во анализата околу излезноста на претстојниот референдум.

Авторот прави споредба со хрватското искуство со тамошниот референдум од јануари 2012 година – околу половина година откако земјата ги заврши преговорите со Унијата за пристапување во ЕУ – и потсетува дека на референдумот излегле 43,5 проценти од запишаните гласачи, од кои нешто повеќе од 66 проценти биле „за“ влез во ЕУ, а 33 отсто беа „против“.

„Дали тоа значи дека ќе треба да се отфрли сето она што беше постигнато во изминатите месеци за конечно затворање на проблемот со Грција кој безмаку три децении го попречува меѓународното етаблирање и интегрирање на земјата, само затоа што тивките заговарачи на бојкот, можеби, ќе се растревожат што на гласање излегле, да речеме, 3.196 помалку од потребниот број избирачи? Или затоа што оние што сите овие месеци калкулираа со својот став за референдумот што, пак, своевремено го спомнуваа како една од најважните заложби на партијата, сега ќе се обидат повторно да се пазарат и да условуваат во понатамошните фази од спроведувањето на договорот со Грција“.

Целиот напис во „Независен“ на следниот линк.

 

.

Оставете Коментар