Ни треба ли легализирана марихуана? (ВИДЕО)

Користењето канабис за рекреативни цели треба да биде право на избор, со консумација на канабисот во било каква форма не ѝ наштетуваме на државата, ниту пак на луѓето околу нас, сметаат дел од учесниците на панел дискусијата за декриминализација на канабисот, што се одржа денеска во Скопје.

Целта на настанот беше да се поттикне дебата за потребата од декриминализација на употребата на канабис во Република Македонија.

Канада, Чешка, Португалија и Холандија се само дел од земјите каде што е легализиран канабисот за рекреативна употреба.

Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели во лечење на четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија.