Глобалното движење „Ние сме Македонија“ повика на масовен отпор од Македонците на договорот Заев-Ципрас за името на нивната татковина и за целиот пакет поврзан со него.
„Не можат да го променат тоа што ние нема да им го дозволиме!!! Дали сте подготвени Македонци да се откажете од тоа што сте – МАКЕДОНЦИ? Или сè уште ќе спиете?Додека сè уште постои шанса за спас, искористете ја. Сите на протест!“, повика движењето преку својот профил на „Фејсбук“, илустрирајќи го обраќањето до македонскиот народ со инсерт од филмот „1984“, драма/трилер според истоименото дело на Џорџ Орвел за човекот што си го губи идентитетот додека живее под репресивен режим.
„Македонците ширум светот НЕ прифаќаат промена на името!“, ќе порачаат малку пред тоа од „Ние сме Македонија“ преку плакатот искористен како илустрација на оваа информација.
https://www.facebook.com/WeAreMacedonia/videos/263389430873576/