„Ние сме Македонија“: Македонците да го развеат знамето со сонцето од Кутлеш

Глобалното движење „Ние сме Македонија“ да покажа отпор кон договорот Заев-Ципрас со тоа што ќе го развеат претходното македонско државно знаме со 16-кракото сонце од Кутлеш.

„Ги повикуваме сите Македонци веднаш да го развеат знамето со сонцето од Кутлеш надвор од својот дом, да покажат дека се против договорот на Заев, кој значи културен геноцид врз нашиот народ.

Во договорот на Заев стои дека Македонија мора да го отстрани сонцето од Кутлеш од сите јавни места во рок од шест месеци од потпишувањето. Треба да пратиме јасна порака дека тој симбол е наш и Македонија е тука засекогаш!

Да се вее сонцето од Кутлеш во секој дом, во секој град и во секое село! Тагнете ја оваа страница со вашата слика од развеаното знаме и држете го развеано сè додека Заев не се повлече од овој договор“, стои во повикот на движењето што организира 40 протести во Македонија и во дијаспората од февруари наваму, на кои над 150.000 Македонци и пријатели на Македонија ѝ упатија порака на сегашната власт во државава дека никој не ја овластил да преговара за најсветото.