„Ние сме Македонија“ со условена поддршка за митингот на 2 јуни

Глобалното движење „Ние сме Македонија“ ги повика Македонците да излезат масовно на митингот на 2 јуни, но поддршката ја условува со барањето од организаторот ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно да каже дека е против промена на името на државата и за прекин на разговорите со Грција веднаш.

„Глобалното движење #НиеСмеМакедонија ги охрабрува СИТЕ Македонци да ИЗЛЕЗАТ на протест на 2 јуни 2018 година. Македонците мора да се ОБЕДИНАТ и јасно и гласно да им кажат на СИТЕ политичари од СИТЕ партии дека НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА и НЕМА да признаеме никаква промена на името. Коалицијата СДСМ-ДУИ се изјасни со поддршка за промена на името во каква било форма, вклучувајќи и промена на Уставот.

До ВМРО-ДПМНЕ – народот ќе излезе и ќе чека да види што ќе ветите, посебно со оглед на тоа дека се претставувате како наследници на вредностите и на идеалите на оригиналните ВМРОВЦИ, кои се бореле и гинеле за да го уживаме правото да се викаме Македонија и Македонци. Очекуваме да слушнеме дека ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАЌА никаква промена на името, било со менување на Уставот или не, и дека СИТЕ преговори треба да запрат веднаш. Ако не излезете со вакво соопштение јасно и гласно, вие ќе се водите како поддржувачи на оваа кобна ситуација за промена на името. 

До народот – излезете масовно, направете транспаренти, пратете ја пораката ДО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ – името и иднината на државата му припаѓаат САМО на народот и тие не смеат да бидат предмет на политичкото пазарење помеѓу никого! Зоран Заев Христијан Мицкоски“, стои во обраќањето на Движењето.

„Ние сме Македонија“ од февруари наваму организира 40 протести во татковината и на три континента, на кои над 150.000 Македонци и пријатели на Македонија ѝ упатија порака на сегашната власт дека никој не ја овластил да го менува името на државата.

 

2 Коментари

  1. Вие сте Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е Македонија, М.Неделковски со Мирка и тајфата се Македонија… Колку бре Македонии има во Македонија. Овде свака шуша је Македонија.

Comments are closed.