Никој не го прима бродот со 629 спасени мигранти

Новиот министер за внатрешни работи на Италија одби да му даде дозвола на спасувачкиот брод Acuarios со 629 мигранти да пријде до некое од италијанските пристаништа, откако беа спасени кај крајбрежјето на Либија, објави Би-Би-Си

Министерот Матео Салвини, инаку лидер на десничарска партија, смета дека бродот треба да биде прифатeн од Малта.

Но, властите од Малта изјавија дека бродот Acuarius на германската хуманитарна организација SOS Méditerranée ги прибрал мигрантите од либиски територијални води, што значи дека тие спаѓаат под надлежност на Италија.

Италија е главниот влез во Европа за мигранти од Северна Африка. Партијата, предводена од Салвини, вети на гласачите на спроведените неодамна парламентарни избори во Италија дека ќе заземе цврст став во однос на имиграцијат и вети дека ќе протера 500.000 илегални мигрант од земјата.

Бродот по вчерашната спасувачката операција останува на отворемно море, на 35 наутички милји од Италија и на 27 наутички милји од Малта.