Никој не го сака најевтиниот автомобил на светот (ВИДЕО)

Производството на најевтиниот автомобил во светот „Тата Нано“, со продажна цена од само 1.500 американски долари, ќе биде запрено.

Возилото е достапно на пазарот од 2008 година, но за разлика од јуни минатата година кога беа продадени 237, во истиот месец годинава беше продаден само еден автомобил.

Слабата побарувачка ја натера индиската компанија „Тата Моторс“ да го прекине производството на моделот „Нано“ од почетокот на следната 2019 година.

Минијатурниот автомобил со тежина 600 – 650 килограми располага со четири врати, мотор со два цилиндри од 624 кубици и може да развива до 105 километри на час.

Замислен како „народен“ овој автомобил сепак не успеа да ги придобие потрошувачите и покрај ниската цена. Главните причини се ниското ниво на сигурност и безбедност за возачот и патниците.