Никој не знае каде се 3 исчезнати деца од Домот „25 Мај“

Веќе трет ден ни  трага ни глас од трите деца кои избегаа во четвртокот напладне од Домот за деца со воспитно социјални проблеми  25 Мај.

Од Министерството за труд и социјална политика  велат дека се запознаени со случајот, но се оградија дека не објавуваат ништо се додека полицијата не излезе со официјален извештај. И Од МВР, пак, велат дека истарагата е во тек, јавува ТВ Алфа..

Каде се во меѓувреме трите малолетни даца кои се на возраст од 11, 13 и 14 години, никој не знае.

Според Драган Змијанац од невладината „Меѓаши“ треба многу да се инвестира во кадарот кој работи во домовите за деца . Бегаат малолетни деца кои не се под ничиј надзор, а не се кривично одговорни.