Николоски: Крајна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во синоќешното гостување заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска во емисија 360 степени на Алсат М на темата околу референдумот, во еден момент во жестоката дебата најави „ексклузива“:

„Ексклузивно ќе ви откријам, ова е мастер планот на СДСМ. По неуспехот на референдумот, планираат преку своите инсталации во судството и обвинителството да почнат судски процец против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, којшто треба да резултираа со затворање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и забрана за дејстввуање на партијата од две години нагоре. Тоа е крајната цел на СДСМ. Тие мислат дека ако го затворат ВМРО-ДПМНЕ, нема да има опозиција во државата“, рече Николовски.

Во видеото подолу по 58 минута.

 

Оставете Коментар