Николов до политичарите: Бранете го името, нека има последици

Лидерот на Македонското Меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП Канада) Бил Николов бара македонските политичари по секоја цена да го бранат името на државата без разлика на последиците.

Николов бара македонските политичари да откријат кои се угнетувачите на земјата.

“Не можам веќе да го слушам македонските политичари како зборат дека ќе имало последици ако го бранат македонското име.

Ако има последици за бранење на едно од основните човекови права, нека има. Разоткријте ги угнетувачите”, пишува Николов кој ги користи хаштазите #НашетоИмеЕМакедонија #Бојкотирам #Апсаана #Македонија.

ММДЧП е една од најактивните организации на Македонците во дијаспората која што не е поврзана со политички партии во Македонија.

Движењето беше еден од главните поддржувачи на протестот против промена на уставот и уставното име на движењето #Бојкотирам што се одржа на 18 ноември пред Собранието на Република Македонија.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар