Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI – Macedonian Human Rights Movement International) Бил Николов со интересна забелешка за историјата на Македонија од наша и грчка страна.

Тој прашува зошто во Грција нема ниту една народна песна за сите четири Македонија, Вардарска, Пиринска, Егејска и делот што се наоѓа во Албанија.

За разлика од Грција во Македонија има безброј народни песни во кои се опеваат и Вардарска и Пиринска Македонија како и трагичната поделба на Македонија во 1913 година.

„Меѓу најпознатите песни од овој тип е Вардаре, Пирин кај ти е, Егеј кај ти е“, пишува Николов кој важи за еден од најактивните активисти за македонското прашање во дијаспората.