(…) Пописот недвосмислено ќе потврди дека нема веќе Македонци, не само формално, туку и официјално.

Договорот со Грција формално нѐ избриша, а пописите секогаш се главен официјален доказ за постоењето на некој народ. Така ќе се исправи една историска кражба. Речиси сите лидери на Грција јасно ни порачаа дека брендот ‘Македонија’ сме го украле од нив и дека крајно време е да им го вратиме. Софија беше уште подиректна – во ЕУ само без македонизмот. Иако мотивите на Атина (брендот…) и на Софија (народот…) се различни, целта им е идентична. Тоа целосно не се поклопува ниту со политиките и интересите на Вашингтон, ама кој од балканските политичари мисли на утре“, пишува амбасадорот Ристо Никовски во колумна насловена „ Избришаните Македонци не смеат да воскреснат во новиот попис“ во која во старт констатира дека „пописот што ќе следува е извонредна измислица и генијален потег за дефинитивна елиминација на Македонците“.

(…) Со пописот што се подготвува, којзнае по кој пат (ОРД; тиранска платформа; „консензуален“ претседател…), македонското мнозинство ќе се брише, бидејќи тоа не се совпаѓа со интересите на најголемото малцинство и, се разбира, на странците. Сепак, ова се последните игри околу судбината на Македонците.

Кога ќе се активира договорот со Грција, нив веќе ќе ги нема и нема да бидат потребни нови акробации за нивно анулирање. Мораме да издржиме уште малку, да проголтаме уште некоја кнедла, колку и да се тие големи, додека целосно не станеме зомби“, пишува амбасадорот Никовски.

 

SHARE

7 Коментари

  1. Да, тоа што рече амб. Никовски дека ке бидеме избришани е точно. Но амб. Никовски веќе повеќе години „докажува” во своите колумни дека демек „ние не можеме да решиме проблемот во Генералното собрание на ООН”!!!
    Како алтернатива Никовски нуди „Меморандум со СБ на ООН” који тие би прифатиле и во СБ би врз основа на истиот било решено името! СО ВАКОВ ПРИСТАП НИКОВСКИ СТАНУВА АПОЛОГЕТА НА ВЛАСТА НЕПРЕМНА НА ДЕЛУВАЊЕ! И НАРАВНО ИСТОМИСЛЕНИК НА КЕРИМ!
    Како аргумент против Игор Јанев, Никовски смета дека злонамерно сигурно ќе не блокира во СБ со ВЕТО! Демек СБ имало решавачка улога!

    РИСТО НИКОВСКИ да научи дека МЕМОРАНДУМ е писмо, а нас ни ТРЕБА ОДЛУКА! Одлуката мора да биде на органот на ООН!

    САМО СО ПРЕДЛОГ ОДЛУКА СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ!

    Ако Никовски вели САД ќе не блокираат секаде, Тој се обидува да каже ДЕКА НЕМА РЕШЕНИЕ!!!
    И со тоа, од него се оправдува ОТСУСТВО НА АКЦИЈА! На овој начин Никовски делува на страна на Керим и СДСМ!!!
    Но повеќе преседани покажуваат дека ИМА ЛЕК и дека треба да се примени Косовскиот Модел или Моделот кои е веќе познат од 1947 кога ГС од МСП побара Советодавното мислење за дополнителните услови за прием на една држава во ООН!
    Дакле, РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО ПОСТОИ!
    И на крај, Едно потсетување.
    Кога 1993. Рез. Советот за Безбедност 817 препорача прием на наша земја во ООН, но под реферирањето БЈРМ, за ова се гласаше следниот ден на 8 април 1993. во Генералното собрание на ООН.
    ВНИМАВАЈТЕ!
    Доколку некој од нашиве реагирал пред гласањето во Генералното собрание на ООН и искажал дека се работи за ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за ПРИЕМ со РЕФЕРЕНЦАТА, тогаш Генералното собрание на ООН би ја ПРИФАТИЛА ПРЕПОРАКА НА СБ 817,
    но НЕ ВО ЦЕЛИНА,
    туку (со поддршката од една држава (пример Турција):
    БИ НЕ ПРИМИЛА ВО ООН ПОД УСТАВНОТО ИМЕ!!
    Но од нашиве никој тогаш не направи приговор, никој не се побунил 1993, па Генералното собрание на ООН гласаше за верзијата на рез. што ја прими од СБ, без расправа!
    Да некој се побунил тогаш во 1993, ние би биле примени БЕЗ референца и со УСТАВНОТО ИМЕ во ООН!!
    Основната функција на СБ е проверка на безбедносните аспекти, но ГС има основната улога и надлежност кога се работи за ЗАШТИТА НА ПРАВЕН ПОРЕДОК НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН И ЧЛЕНСКИТЕ ПРАВА НА КОЈА БИЛО ДРЖАВА ЧЛЕНКА!
    Врз основа на овие димензии кои се однесуваат на ЗАШТИТА НА ПРАВЕН ПОРЕДОК НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН и Повелбата на ООН, треба да се бара во Советот за Безбедност, но потоа и Генералното собрание на ООН ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
    Имено, со членската ДИСКРИМИНАЦИЈА се крши и внатрешен Управен (административен) поредок на ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН и областа на ЕКСТЕРНИТЕ односи на ООН со државите и надвор од статусот на членките на ООН (покрај членскиот статус).
    Заштита на правен поредок и Повелбата на ОН како договорот е должност на секоја членка на ООН, и посебно на Генералното собрание на ООН.
    Повелбата на ОН е повисок акт од кои било меѓународен договор или која било резолуција на ООН, односно во ОН Повелбата, како договор и статут има УСТАВЕН КАРАКТЕР.

  2. Димитров во еден момент се отпуштил и кажа она што стварно го мисли во форма СЕ СРАМАМ ОД ВАС односно нас Македонци. Со ова покажа дека:
    1. Не владее со себе и со своите зборови те. дека е НЕПРЕСМЕТЛИВ ПСИХИЧКИ!;
    2. Тој всушност ги МРАЗИ сите Македонци и СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО, ова има патолошка димензија!
    Потсвесно да се мрази сопствената нација и народ укажува на тоа дека ДИМИТРОВ треба да побара психијатријска помош!
    Да се потсетиме. Само пред неколку години Димитров имаше ултра-националистички ставови, но сега од еднаш ги смени во авто-шовинизам!
    Заклучок: Димитров е тежок психијатријски случај.
    Совет: Задолжително лекување од напади на депресија и биполарно растројство!

  3. Во што се разликуваат Р.Никовски и И.Јанев? Во ништо. Тоа се двајца исти донкихоти. Двајца забегани во облаците на фантазиите. Со светлосни години далеку од вистината. Не гледаат дека реалноста секој ден ги побива нивните тврдења. Би било навистина добро кога би можело на некаков начин да се „избришат“. Но како што не постои начин некој народ или поединец да се избрише со некаков договор или попис или на било каков друг начин (освен физички да се ликвидира целиот народ или поединец – што никој нити го посакува нити прави), наша голема „среќа“ е што покрај македонскиот народ, никој нема да ги „избрише“ овие двајца забегани, кој секојдневно го трујат тој народ со нешто што никогаш нема да се оствари. Ќе останат „неизбришани“ и понатака да не` „забавуваат“ со своите глупости. Договорот со Грција ќе се реализира, ќе станеме членка на НАТО и ЕУ. Тоа што Р.Н. и И.Ј. го кажуваат се фантазии на двајца забегани Д А Л Е К У У У У У од реалноста.

Оставете Коментар