(…) Пописот недвосмислено ќе потврди дека нема веќе Македонци, не само формално, туку и официјално.

Договорот со Грција формално нѐ избриша, а пописите секогаш се главен официјален доказ за постоењето на некој народ. Така ќе се исправи една историска кражба. Речиси сите лидери на Грција јасно ни порачаа дека брендот ‘Македонија’ сме го украле од нив и дека крајно време е да им го вратиме. Софија беше уште подиректна – во ЕУ само без македонизмот. Иако мотивите на Атина (брендот…) и на Софија (народот…) се различни, целта им е идентична. Тоа целосно не се поклопува ниту со политиките и интересите на Вашингтон, ама кој од балканските политичари мисли на утре“, пишува амбасадорот Ристо Никовски во колумна насловена „ Избришаните Македонци не смеат да воскреснат во новиот попис“ во која во старт констатира дека „пописот што ќе следува е извонредна измислица и генијален потег за дефинитивна елиминација на Македонците“.

(…) Со пописот што се подготвува, којзнае по кој пат (ОРД; тиранска платформа; „консензуален“ претседател…), македонското мнозинство ќе се брише, бидејќи тоа не се совпаѓа со интересите на најголемото малцинство и, се разбира, на странците. Сепак, ова се последните игри околу судбината на Македонците.

Кога ќе се активира договорот со Грција, нив веќе ќе ги нема и нема да бидат потребни нови акробации за нивно анулирање. Мораме да издржиме уште малку, да проголтаме уште некоја кнедла, колку и да се тие големи, додека целосно не станеме зомби“, пишува амбасадорот Никовски.