Кога медијаторот ќе замолкне, Нимиц не успеал да креира документ прифатлив за сите

Медијаторот Нимиц се откажал од давање изјава во Обединетите Нации откако попладнево во Њујорк заврши средбата со министрите Димитров и Коѕиас. Иако ијавата беше најавена од страна на Обединетите Нации и беше ставена во програмата за емитување во живо Нимиц сепак одлучил по разговорите да не зборува за процесот.

Главна причина за тоа е што вчера е денеска медијаторот не успеал да изготви заеднички прифатлив документ врз основа на кој ќе се дојде до решение. Разликите меѓу двете страни очигледно сеуште се толку големи што медијаторот не гледа можност за решение во овој момент.

Расположени за изјави не биле ниту Димитров ниту Коѕиас кои што им се заблагодариле на новинарите и заминале.

Според извори во преговарачките тимови во текот на разговорите вчера и денеска се постигнати „стеснувања во ставовите за дел од отворените прашања“ а процесот ќе продолжи наредната недела во Брисел.

Причината за молкот по денешните разговори е во обидот да се спречи било каква штета на процесот кој што се уште е жив, тврдат доброупатени дипломатски извори.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден повеќе извори на грчка страна брифираа за различни варијатни и правци во преговорите при што најмалку се зборуваше за предлогот Северна Македонија кој што сега според истите извори станува една од најсериозните опции.

1 Коментар

Comments are closed.