„Додека Македонците се подготвуваат за најважните избори во историјата на нивната нација, голем број постови на Фејсбук ги повикуваат гласачите да ги „поништат“ нивните гласачки ливчиња. Стотици нови веб-страници бараат бојкот. И една вест, широко распространета на интернет, предупредува дека Google може да го елиминира македонскиот јазик од листата на признати јазици, во зависност од гласањето, пишува „Њујорк тајмс“, во вчерашното издание.

Во ерата на дезинформација, македонски и западни официјални претставници велат дека серијата на активност на социјалните медиуми е токму тоа – дезинформации насочени од групите поддржани од Русија, кои се обидуваат да поттикнат страв и да го намалат одѕивот на гласачите што би можеле да ја стават оваа балканска земја на патот за влез во НАТО.

Весникот наведува дека Москва која е против ширењето на НАТО прави огромни напори за неуспех на референдумот.

Во поширокиот текст „Њујорк тајмс“ пишува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени. „Средствата за борба против руската пропаганда во Македонија беа задржани цела година и треба да бидат ефективно распределени“, изјави за весникот анонимен извор.

SHARE

Comments are closed.