Нов предлог за име поврзано со Крушевска република!?

Атински „Катимерини“, пишува дека на преговарачката маса е ново име поврзано со Крушево и кое сè уште не е откриено во јавноста, но за кое се разговарало на последната рунда преговори во Њујорк.

Според весникот, како што пренесува „Фокус“  новото име се однесува на Илинденското востание и на Крушевската република од 1903 година, и дека таквото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката.

Според „Катимерини“ македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес“.

Весникот „То Вима“, пак, пишува дека од петте имиња од оригиналниот пакет идеи на Нимиц, на маса се уште се наоѓале три: Горна Македонија, Нова Македонија и Северна Македонија.

Предлогот „Република Илинденска Македонија“ повеќе не постои, а клучна точка останува имплементацијата на клаузулата erga omnes, пишува „То Вима“.

Министрите Никола Димитров и Никос Коѕиас утре би требало да се сретнат во Брисел каде ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

4 Коментари

  1. […] Атински „Катимерини“, пишува дека на преговарачката маса сега има нов предлог за име поврзано со Крушево и кое сè уште не е откриено во јавноста, но за кое се разговарало на последната рунда преговори во Њујорк. […]

  2. И Северна Македонија е еднакво лошо решение како и Горна Македонија. Северна Македонија ерга омнес е ПОЛОШО од БЈРМ!

  3. Поим решавање на РАЗЛИКАТА во рез. 817 како категорија која означува “решавање на спор”
    Пратејки ги изјавите на експертите и политичари во Македонија забележив дека веке повеке од 25 години тие не разбираат термин “SETTLEMENT of the DIFFERENCE” содржан во резолуцијата на СБ ОН 817. Поим „ DIFFERENCE ” во овој контекст се интерпретира како ПОСЛАБА форма на „СПОР”, а не РАЗЛИКАТА! Имено, во мегународното право и дипломатијата “SETTLEMENT of the DISPUTE” се користи да означи решавање на СПОРОВИ, а формата избрана во резолуцијата 817 на СБ “SETTLEMENT of the DIFFERENCE” е направена со цел да се означи спорот во поблага форма мегу земјите. Пред оваа формулација може да се забележи и терминот “pending” кои означува антиципација (ОЧЕКУВАКЈКИ) спорот да биде решен. Со други зборови, ” DIFFERENCE” треба да го преведуваме како СПОР, а не какоРАЗЛИКАТА (која е технички поим). “SETTLEMENT of the DIFFERENCE” е решавање на спорот, а “PENDING SETTLEMENT of the DIFFERENCE” треба да се преведе како “ОЧЕКУВАКЈКИ РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ”.
    Во резолуцијата 817 исто така се вели дека Апликантот ги исполнува критериумите за членството содржани во членот 4 од Повелбата. Со оваа изјава на Советот на Безбедност, ние стекнуваме право на безусловен прием во организацијата. Имено, доколку земјата имаше посериозни безабедосни проблеми оваа не би можела да помине ниво на Соевтот на Безбедност односно овој орган не би можел да даде препорака за прием на државата во ООН! Заради овие причини, наместо категорија “DISPUTE “, беше избран терминот ” DIFFERENCE” како послаба форма на спорот. Мегутоа, по формулацијата дека условите од чл. 4 од Повелбата се исполнети, следи барање ” DIFFERENCE” да биде решен мегу двете држави” во интерес на одржување на мирни и добро-соседски односи во регионот”! Од овој момент заклучуваме дека земјите во Советот на Безбедност не знаеле, ниту и мале во предвид советодавното мислње на Магународниот суд на правда од 1948. г. со кое дополнителните услови при приемот во ОН не смеат да се наметнуваат, ниту за таквите смее да се гласа. Ова се гледа од диспозитивниот дел на резолуцијата 817 во кои стои прерпораката за прием без користење име на државата (со која оваа држава е аплицирала), со барање за ПРОВИЗОРНОТО РЕФЕРЕРИАЊЕ за сите потреби во ОН под „the former Yugoslav Republic of Macedonia”, “PENDING SETTLEMENT of the DIFFERENCE” кои е настанал мегу двете држави.
    Мегутоа,правото се толкува не само на експлицитен или буквален начин, туку и на имплицитен начин односно од контекстот! Ова најчесто нее јасно на нашите политичари и дипломати, па така ние и неможевме да се снајдеме 1993. г. во ОН, кога требаше, како што и денес треба да се реагира во ваквата ситуација! Ускратување на правото за користење на своето уставно име, во контекст на спорот, претпоставува обврската за ПРЕГОВОРИ со другата држава за своето уставно име, бидејки разговорите за инхерентно (вродено) право мора да имаат форма со обврзување, односно се подразбира дека никој не би добороволно влегол во разговорите во кои е инволвиран дигнитетот на државата. Обврската за разговори се дефинира како ПРЕГОВОРИ! Ова е втор поим кои домашните експерти не го разбираат.
    Најклучен поим во случај со ОН, е поим и категорија на државното име. Државното име е по дефиниција ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ на еден мегународно-правен субјект во магународното право. Правниот идентитет е основен елемент на субјективитетот. Од фактот дека правниот субјективитет е есенцијален елемент на државноста, ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ е исто така елемент на државноста. За правниот идентитет неможе да се разговара или преговара и тој е во строга внатрешна надлежност на државата.
    При неодамнешната посета во Скопје, Нимиц даде изјава дека ОН не преговараат за идентитетите на народите. Тој со оваа изјава ни помогна, и тоа го направи добронамерно!!! Тој, всушност, ни дава информација дека за идентитетот ОН не се овластени да разговараат или преговараат! (Тој го употреби зборот ПРЕГОВОРИ). Истото важи и за името, бидејки името е правниот идентитет на една држава. ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ на еден мегународно-правен субјект е дури и посилно заштитен од останатите идентитетски права. Имено, Нимиц сакаше да ни каже дека преговорите или разговорите за името не се ЛЕГАЛНИ, бидејки ОН не се овластени ниту да мидиираат ниту да преговаат за таквите категории.
    На крај да се осврнеме и на терминот референцата. Овој поим исто како и другите поимови дипломатите и нашиве политичари не го разбираат. Како што видовме од резолуцијата 817. ние не разговараме, туку преговараме за името односно за правниот идентитет. Во мегувреме, од фактот дека имаме дополнителните услови при приемот во ОН, односно нелеганата преговарачка рамка, референцата е по дефиниција нелегално наметнат назив односно ДЕНОМИНАЦИЈА. Ние сме привремено деноминирани, се додека преку преговори не се договориме со другата држава за сопственото уставно име! Од моментот кога ке се постигне таков договор, деноминацијата се замеува со трајното име. Нормално, се поставува прашање дали ако ние прифатиме и некое компромисно име, како Горна Република Македонија, ваквото име може да биде со трајен карактер? Ако за 30 години пример станеме монархија, дали ке треба повторно да прашаме Грција, Советот за безбедност или Генералното собрание дали смееме и како да го смениме името?? Со други зборови, дали сите други, освен нас ке треба да одлучуваат како ние ке се викаме!? Од овде се гледа колку целата оваа рамка е нелегална. Понатаму, дека рамката е нелегална се гледа и од фактот дека ако во резолуцијата 817 биле вклучени пример и другите соседи, Србија, Бугарија и Албанија не би се постигнал договорот фактички никогаш. Очигледно двете земји би можеле да направат договорот Македонија никогаш да не добие какво било име, и со тоа компромисот би зависел од вољата на соседите! Од се ова заклучуваме дека преговарачката рамка од резолуцијата 817. е целосно нелегална.
    На крај треба да се осврнеме на фактот дека Македонија има два нелегални услови за прием во ОН (1. деноминацијата БЈРМ, 2. Преговорите за правниот идентитет). Кога 1999. г. претседателот Киро Глигоров ме запраша зошто се два услови, а не еден услов што е нелегален му објаснив (зимајки предвид дека Глигоров не познаваше правото на мегународните организации) со следната аргументација. Доколку пример по било кои причини, за да немаме преговори, се отчлениме од ООН, а не и од специјализираните агенции на ОН (ММФ, Светска банка итн.), обврската за преговорите ке исчезне, мегутоа во сите организации во системот на ОН и натаму ке остане обрската за носење деноминацијата (БЈРМ). Од овде гледаме дека имаме по приемот две обврски (а не една), кое произлегуваат од два нелегални услова при приемот. (Да потсетиме, барања врз кои аплкантот неможе да влиае се дефинираат како УСЛОВИ. Односно дополнителните услови се такви услови кои во време трансцедираат чин на приемот. Според принципот Ex injuria jus non oritur , ваквите услови креираат дополнителните нелегални обврски).
    Кога ке треба да се покрене акцијата преку Генералното собрание во ООН, за да се постави прашањето до Мегународниот суд за правда за легалитетеот на посебните услови за прием во ОН (а по извршената сондажа на мислења на членките како би гласале во Генералното собрание), ние ке треба да го користиме и принципот на Res Judicata (veke presudena rabota) користејки ја истата аргументација како при случајот на седум држави во Мегународниот суд 1948. г. По иститете причини судот треба да се прогласи за надлежен и по истите причини треба да искаже став дека членот 4. е егзостивна правна норма и дека и во нашиов случај условите од овој член се проширени надвор од егзостивната рамка.
    На крај само би додал дека полтичко решение преку преговорите не постои. Ова е јасно бидејки преку преговарачката рамката од резолуциите на ОН се бара една држава што во принцип не признава дипломатски друга, во еден елемент (од државноста), да ја призна преку процсеот на преговорите. Ова е невозможно. За да појаснам, ова би пример било слично како да некои да сака преку преговорите да дојде до решение Кина да го признае Тајван преку разговори мегу двете држави, при што една страна би била под притисок од некаков вид ограничување во членските права во ОН!

Comments are closed.