Нов протест за одбивањето на БПЦ да испрати духовници во Охрид на 27 мај

Одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да не ја прифати поканата на МПЦ-ОА за заедничко чествување на илјадагодишнината на Охридска архиепископија на 27 мај во Охрид беше причина за протест и денеска пред седиштето на Патријаршијата во Софија.

Носејќи транспаренти со натписите „Не плашете се да бидете мајка-црква на Охридска архиепископија“ и „Седум века Охридската архиепископија била на цела Бугарија“, демонстрантите побараа од митрополитите да ја прегласаат својата одлука.

Наместо заедничка прослава на милениумскиот јубилеј, Синодот на БПЦ реши на 10 јуни во Софија да го одбележи одделно и скромно создавањето на Архиепископијата во „православниот Ерусалим“ во 1018 година.