Нов скандал во Демир Хисар, СДСМ доби епитет ДООЕЛ (ФОТО)

Уште нерасчистени работите со градоначалникот Марјанчо Стојановски кој беше уапсен откако беше снимен како им се заканува на наставнички во Демир Хисар се случува јавен раскол во владеачката партија и тоа преку социјалните мрежи.

„Не сакаме вработувања извадени од ракав без партиска поддршка“, вели висок локален функционер кој на социјалните мрежи јавно признава дека не образованието и искуството туку партијата СДСМ е таа која што одлучува за вработувањата на граѓаните од овој крај во државната администрација.

Според партиски извори на expres.mk во овој град разединувањето на СДСМ во Демир Хисар кулминирало деновиве кога долгогодишен член на владеачката партија јавно реагирал поради тоа што не добил вработување во државна институција.

На тоа претседателот на социјалдемократската младина од Демир Хисар Никола Димитриовски му порачува дека за вработувањата мора да има партиска поддршка и дека сака работа да добијат „нашите борци“.

И многу други долгогодишни членови кои очекувале вработување во државните институции на локално ниво реагираат дека претседателот на локалната организација на СДСМ ја претворил партијата во приватна сопственост и дека си вработувал само негови блиски луѓе.

Се додека во општината и подрачните служби на министерствата се вработуваат партиските кадри а не тие што се најобразовани, децата ќе ни заминуваат во Скопје и во странство, велат локални активисти кои што бараат на раководни места и во администрацијата да се вработат тие што можат да повлечат напред а не тие што на прво место им е партијата.

SHARE

1 Коментар

  1. Гледам супер државна администрација ќе направите. Кој од кој пообрзуван и постручен. Ама нема толку места за лепачи лепачи на плакати, зошто само тоа го знаете.

Оставете Коментар