Нов скандал во МВР, загрозени сензитивни информации

Официјалниот веб сајт на македонското МВР не е безбеден покажуваат информациите кои што ги даваат безбедносните протоколи на пребарувачите на интернет кои ги забележале корисници на Твитер.

Според објаснувањето дадено од пребарувачот на Гугл за корисниците, сајтот на МВР не е безбеден и од сите што го посетуваат за да добијат или да испратат информации се бара со порталот да не се споделуваат сензитивни информации како шифри и банкарски картички.

Според објаснувањето на Chrome пребарувачот на Гугл во случајот со сајтот на МВР постои опасност напаѓачи да ги украдат ваквите сензитивни но и други информации кои што граѓаните би ги споделиле со МВР преку нивниот портал.

Преку порталот граѓаните можат да закажуваат термини за вадење на лични документи.

На сајтот МВР предупредува дека ќе преземе мерки против сите што ќе се обидат да го злоупотребат или нелегално ќе упаднат во него.

Проблемот со безбедноста на сајтот на МВР е присутен и на десктоп верзијата и на мобилната верзија.

https://twitter.com/tobojk/status/1067009432842850304?s=19