Џули Ен Гентер, актулена министерка за правата на жените од редовите на „Зелената партија“, утрово замина во болница каде треба да се породи – на велосипед.

Таа на Ингстрам сподели фотографии и објасни дека не и било напорно бидејќи поголемиот дел од патот бил надолнина.

„Прекрасно неделно утро за возење велосипед“ напиша Гентер која е во 42 недела од бременоста, а нејзината фотографија го обиколи светот.

Веста доаѓа само неколку недели откако премиерката на Нов Зеланд,, Џесинда Ардер, се врати во парламентот по раѓањето на нејзината ќерка – Неве.

SHARE