Нова афера прислушување, таргет до вчера биле обвинители

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во Јавното обвинителство на Република Македонија. На два хард диска се снимани сите комуникации, откри денеска државниот јавен обвинтеил Љубомир Јовевски.

Јовевски кој беше избор на премиерот Заев рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив.

По откривање на инцидентот отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје.

На социјалните мрежи веднаш се појавија низа шпекулации за тоа кој прислушувал обвинители. Според една верзија која ја туркаат луѓе блиски на актуелната влада прислушувала старата власт а според друга блиска на опозицијата тоа го организирала СДСМ откако нејзин кадар Оливер Спасовски на почетокот на септември 2016 година доаѓа на чело на МВР како технички министер.

Без разлика кој и да го организирал прислушувањето на обвинителите се работи за огромен скандал за кој некој ќе мора да преземе одгоборност.

Нејасно е како цели две години никој не увидел дека се прислушува ударната тупаница во битката со организираниот криминал.

SHARE

1 Коментар

  1. На крај ќе искочи дека е само комуњарска патка. Во повеќе институции кога ќе се јавиш слушаш (перади квалитетот на дрн дрн јариња разговорот се снима) а и логично е во таква иституција телефонските разговори да се снимаат заради закани уцени на обвинителите.

Оставете Коментар