Нова закана од Атина, Преспанскиот договор да не се толкува погрешно

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос предупредува дека ако Македонија погрешно го толкува Преспанскиот договор Атина можен а не го ратификува.

Павлопулос не е прецизен но не се исклучува дека тој мисли на изјавата на Заев и други претставници на владата во Скопје кои говорат за Македонска нација и идентитет.

“Пред ратификацијата и во пресрет на дефинирањето, нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа”, порача претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, на средбата со неговиот словенечки колега, Борут Пахор.

Павлопулос ги коментираше, како што рече „неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија“.

“Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тект бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, без чиста сметка, нема добри пријатели”, порача Павлопулос пред словенечкиот претседател, Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Грција.

SHARE

2 Коментари

  1. Хипотетички дури и да помине тнр. договорот од Преспа, следната патриотска Влада ке го толкува поинаку и самите Грци ке го раскинат. Преспа нема иднина.
    Договорот не е ОДРЖЛИВ!
    НЕМА СВОЈСТВО НА ТРАЕН ДОГОВОР!
    СО НЕГО ПЕОБЛЕМИТЕ НЕ СЕ РЕШАВААТ, АМИ СЕ ОТВАРААТ!

Оставете Коментар