Нова закана со војна, доаѓа од Липково

По индиректните закани за конфликт од Стево Пендаровски и Исмет Рамадани, и Абедин Зимбери, поранешен пратеник и командант на ОНА во 2001 во кумановско – липковскиот регион, на својот ФБ профил, со наслов ,,Реципроцитет на меѓуетничко почитување“, пишува дека Албанците нема веќе да го трпат непочитувањетоа од Македонците и порачува дека нивниот пат кон ЕУ и НАТО ќе продолжи со или без Македонците:

,,Албанците во Македонија ќе се борат до крај заедно со Македонците, државата како целина да влеземе во ЕУ и НАТО, но доколку референдумот пропадне, Албанците нема повеќе да трпат ваков начин на живот, со или без Македонците нашиот пат кон ЕУ ќе продолжи“-порачува Зимбери.
Тој вели дека Македонците прво требаше да го решат внатрешниот спор кои сами го прават со Албанците, а потоа заедно со Албанците да го решат надворешниот спор со Грција и ЕУ:

,,Вака ли се оди во ЕУ и НАТО со провокации, навреди на сопствените сограѓани?

Кога некој ве почитува и ве подржува немојте да го злоупотребувате со навреди и провокации на национална основа. Навистина не знам кога ќе се разбудите од комунистичкиот сон, кои 50 години ве лажеа и ве учеа како да ги мразите оние што се различни од вас. Сѐ додека јас се чувствувам навреден, понижен, провоциран, несигуран, никогаш не очекувајте дека ќе бидеме лојални грѓани, се додека нѐ ви биде јасно дека јас сум на сопствената земја, не сме странци тука, и се заканувате со разни глупости кои се веќе минато, со вакво однесувње нема да има иднина за никого“-вели Зимбери пренесува порталот Ако.мк.

Целиот текст на Ако.мк овој линк

На екс пратеникот со сериозна анализа одговори професорката Каролина Ристова Астеруд.

Ристова – Астеруд до Зимбери: Муабетот ви е “Збогум на паметта”